Кошарка

Јанис Адетокумбо повторно се повреди

Јанис Адетокумбо повторно се повреди

Грчкиот репрезентативец и кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо доживеа нова повреда на коленото од левата нога.

31-годишниот кошаркар се повреди на натпреварот против екипата на Индијана и поради тоа ќе мора да паузира најмалку една недела.

Адетокумбо отсуствуваше долго откако се повреди уште на крајот на јануари и пропушти дури 17 натпревари во низа.

Очигледно е дека оваа сезона е навистина лоша за грчкиот кошаркар, бидејќи пред почетокот на сезоната се предвидуваше дека Јанис би можел да биде во ТОП-5 фаворити за освојување на МВП трофејот.

Сепак, големата драма околу неговиот можен трејд во друг тим и големите отсуства поради повреди го оддалечија од трката за најдобар играч во НБА лигата.

Во моментов Милвоки се наоѓа на 11-тата позиција во источната конференција со 28 победи и дури 40 порази.

To top