Американскиот клуб Милвоки не му дозволил на Јанис Адетокумбо, да игра за репрезентацијата на Грција ова лето, јави Б92, повикувајќи се на „Eurohoops“.
Причината е неплатеното осигурување.
Иако Јанис можеше да ѝ се приклучи на репрезентацијата уште од 1 август, 28 дена пред почетокот на Евробаскетот на 28 август согласно договорот меѓу НБА и ФИБА, клубот му забранил да тренира со репрезентацијата, па работи индивидуално.