Јанис Адетокумбо, одлучи да им стави крај на сите шпекулациите и јасно стави до знаење дека нема намера да бара размена – ниту оваа сезона ниту која било друга.
Грчкиот ас нагласи дека таквиот потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти клубот.
– Никогаш нема да има момент кога ќе излезам и ќе кажам: „Сакам размена“. Тоа едноставно не е во мојата природа – изјави Адетокумбо за „Атлетик“.
Иако Јанис долго време јавно ја нагласува својата лојалност кон Бакс, тоа не ги спречи разните приказни и шпекулации за неговата наводна желба да го напушти Милвоки и да се приклучи на тим што е поблиску до борбата за титулата.