Кошарка

Јанис Адетокумбо би можел да го пропушти ЕП

Јанис Адетокумбо би можел да го пропушти ЕП

НБА ѕвездата на Милвоки Бакс не отпатува за Кипар, каде што Грција играше натпревари против Србија и Израел, и ги загуби двата.

На почетокот се веруваше дека причината е мала повреда, но грчкиот портал „SDNA“ открива што се случува со Адетокумбо.

Станува збор за неплатената полиса за осигурување. Без неа, Јанис не може да игра за репрезентацијата, иако е целосно здрав и тренира индивидуално.

Како што објавува „SDNA“, неговиот клуб, Милвоки Бакс, е вклучен во целиот случај.

Грчката кошаркарска асоцијација (EOK) не дава официјални изјави, но извори блиски до асоцијацијата потврдуваат дека сè е во рацете на франшизата од Висконсин.

Плаќањето на осигурувањето, кое би го заштитило играчот во случај на повреда, сè уште не е решено. Одлуката дали Адетокунбо ќе игра на Евробаскетот зависи и од Бакс, кои во моментов се фокусирани на потенцијалната размена на нивната суперѕвезда.

Поврзани теми

To top