Кошарка

Јанакопулос повторно „удри“ по челниците на Евролигата

Јанакопулос повторно „удри“ по челниците на Евролигата

Кошаркарите на Панатинаикос беа поразени од Макаби, во Израел, со 75:71, при што имаа „топол“ пречек од домашните навивачи.

Ергин Атаман беше првиот што беше погоден, а и другите не беа поштедени.

Ова го поттикна најконтроверзниот човек во Евролигата, Димитрис Јанакопулос, да проговори. Тој грмеше кон лидерите на елитното натпреварување.

-Кога зборуваат сопствениците, тренерите и играчите, ние сме казнети. Кога ќе бидат казнети клубовите што не прават ништо додека нивните навивачи ги навредуваат играчите и нивните семејства? – праша Јанакопулос.

To top