Андреј Јакимовски и неговиот Тренто како гости славеа кај Венеција во 1/8 финалето во Еврокупот со 90:94 и тоа по продолженија па така се пласираа во следната фаза во ова натпреварување.
Македонскиот кошаркар мечот го заврши со шест поени, но затоа имаше дури девет скока за 33 минути колку што беше во игра.
Натпревар кој и тоа како беше супер интересен.
Сепак на крајот, посебно во продолжението гостите знаеја како треба и затоа победија и си закажаа дуел со Бешикташ во тоа четвртфиналето.