Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Александар Милојевиќ, ги изрече казните за пропусти во организацијата на третиот натпревар од полуфиналната серија на плеј-офот меѓу Пелистер и Работнички.
Битолскиот клуб треба да плати 84.000 денари по разни основи, а комесарот за безбедност на Пелистер, во следните шест месеци нема да може да извршува никаква функција во кошаркарскиот спорт, заради притисок врз официјалните лица. Марјан Илиевски доби суспензија од еден натпревар.
Директорот на Работнички, Тодор Гечевски беше иницијатор на инцидент и плукање во четвртата четвртина и заработи иисклучување. Кавадарчанецот заработи суспензија од два натпревари.