Уште едно историско достигнување за Леброн Џејмс во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) на САД и Канада. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс стана првиот играч во историјата кој влегол во лигата како тинејџер и наполнил 40 години како активен кошаркар.
Џејмс го прослави својот роденден на 30 декември, а еден ден подоцна постигна 23 поени за Лејкерси во поразот од Кливленд во регуларниот дел од сезоната 110-122.
И покрај поразот, Лејкерси остануваат во првата половина од поредокот на Западната конференција, додека Кавалирс ја продолжуваат својата извонредна серија како лидери на Истокот.