Кошарка круна на одличната работа

Историски успех на Крива Паланка – првпат ќе игра во финале

Домаќинките ја оправдаа фаворитската улога и против Баскет Кам ќе се борат за шампионската титула, воедно и за првиот трофеј во историјата на клубот.

Историски успех на Крива Паланка – првпат ќе игра во финале

Екипата на KK Крива Паланка со мајсторка во финалето на најсилната македонска женска кошаркарска лига, оствари историски успех откако вечерва по вторпат го победи Бадел (80-55) и со 2-1 ја заврши полуфиналната серија.

Домаќинките ја оправдаа фаворитската улога и против Баскет Кам ќе се борат за шампионската титула, воедно и за првиот трофеј во историјата на клубот. Тоа е круна на одличната работа на најмладиот тренер на прв тим во македонската кошарка, 24-годишниот Виктор Петровски кој од неодамна е и асистент на селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов.

Најефикасна на денешниот натпревар беше Дијани Робинсон со 28 поени, а се истакна и Одри Мекелхејни со 19 поени и 20 скока.

Крива Паланка ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Баскет Кам во македонското кошаркарско првенство. Се игра до три победи, а предноста на домашен терен ќе ја има тимот од Македонска Каменица.

To top