Кошарка

Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат

Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат

Членот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг даде интересна изјава поврзана со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со кого имаа слични ставови во блиското минато.

-Не го познавам Ѓоковиќ толку добро, но знам дека тој ми даде поддршка и јас му испратив поддршка од далеку. Се соочувме со слични ситуации каде темата или разговорот била телесна автономија, каде што имате можност да го направите она што сметате дека е најдобро за вас.

-Се чувствувам како да ми е брат на овој свет, мој брат во ваква неволја. Тоа треба да го почитуваш како мислење, треба да почитуваш некој што сам бира, затоа го поддржувам Ѓоковиќ, тој донесе одлука и тие што го поддржуваат се тука, како мене, а тие што не го поддржуваат не се важни, -порачал Кајри за „Мундо Депортиво“.

To top