Босанскиот кошаркар Ирман Полутак потпиша едногодишна соработка со најтрофејниот македонски тим КК Работнички.
Станува збор за 28-годишен центар висок 209 сантиметри кој зад своето име има и АБА лигашко искуство настапувајќи за Крка на почетокот на кариерата, како и во АБА2 лигата за сараевски Спарс.
Во „црвено-белите“ редови доаѓа од унгарското првенство каде минатата сезона ги бранеше боите на Осе забележувајќи просек од 12.3 поени и 5.7 скокови на 35 одиграни натпревари. Претходно настапувал и за хрватските Забок, Горица и Алкар и словенечкиот Златорог.