Кошарка

Илиевски: Да ги поддржиме овие кошаркари

Илиевски: Да ги поддржиме овие кошаркари

Македонската репрезентативна кошарка имаше тешка година, но благодарение на ноемврискиот одличен почеток на претквалификациите впечатокот беше поправен.

Селекторот Марјан Илиевски апострофира дека не беше лесно да се победат Ирска и Азербејџан.

„И селекцијата на Азербејџан и ирскиот национален тим во некое друго време сметаме дека се некошаркарски. Сите земји веќе играат кошарка, а некаде повеќе обрнуваат внимание на спортот. Ирска физички беше доминанта и тоа се осети во натпреварот. Многу тешко го добивме тој натпревар и во разговорот со репрезентативците ми потврдија колку е тешко да се победи во Даблин. Задоволен сум што сите се одзваа на повикот и го дадоа максимумот“,изјави селекторот на националниот тим.

Потоа нашиот предводник се осврна на активностите во новата година и продолжувањето на претквалификациите.

„Се надевам дека во февруари ќе се припремиме малку подолго. Јакимовски е големо освежување  во тимот. Мур во моментов е меѓу петте најдобри бекови во Евролигата и постои голем интерес за него и од најдобрите екипи. Максимално професионално дојде од Германија и одлично беше прифатен од соиграчите. Тој покажа колективност и ако не беше Мур против Азербејџан, разликата немаше да биде толку голема. Ги разигра соиграчите и работите изгледаа лесно.

Треба да се поддржат овие кошаркари. Направивме комбинација на играчи, дадовме простор на носители од летните квалификации. Такви носители се Митровски, Ташовски, Стојановски. Мислам дека правилно постапивме што креиравме ваков ростер“, заврши Илиевски.

Првиoт официјални натпревари во 2026 година македонските кошаркарки ќе го имаат во Баку на 2 март.

To top