Кошаркарскиот клуб Игокеа потврди дека Марко Луканоски е нов член на јуниорскиот тим на овој клуб.
Талентираниот македонски кошаркар се сели во клубот од Босна и Херцеговина и ќе настапува во јуниорската регионална АБА лига.
Луканоски е центар кој настапуваше за македонската У-18 репрезентација, која неодамна триумфираше на Европското првенство Б дивизија кое се играше во Скопје.
Македонецот беше избран и во идеалната петорка на првенството, а со своите настапи го привлече вниманието на скаутите.
Луканоски досега беше член на Вардар, а со Игокеа потпишал повеќегодишен договор