Српските медиуми на големо пишуваат за инцидентот што се случил во Задар, каде што во два различни инциденти биле нападнати членови на УО на Ц. Звезда како и двајца новинари, кои од Барселона пристигнале во овој град за да го проследат дуелот од АБА-лигата.
Црвено-белите побарале надлежните органи да ги изведат пред правда сторителите, кои наводно им нанеле тешки повреди на членовите на делегацијата на белграѓани. Истовремено, тие од АБА-лигата официјално побараа утрешниот натпревар во Задар (17 часот)да се одигра без присуство на публика.
Задрани изминативе денови упатуваа апели до публиката за спортско однесување пред и за време на дуелот со Ц. Звезда, а билетите за овој дуел се речиси веќе распродадени проади што тешко е да се очекува дека барањето на луѓето од српскиот тим за играње пред празни трибини ќе биде прифатено