Кошарка

Хоспитализиран грчкиот кошаркар Ник Калатес

Хоспитализиран грчкиот кошаркар Ник Калатес

Грчкиот кошаркар Ник Калатес е хоспитализиран поради повреда на реброто на натпреварот против Шпанија.

Калатес беше префрлен во болница по натпреварот и поразот од Шпанија 84:77, бидејќи за време на натпреварот доби удар во ребрата.

Првичните снимки не покажаа скршеница, а 35-годишниот плејмејкер ќе биде задржан на лекување со надеж дека ќе биде подготвен за клучниот натпревар против Австралија.

To top