Кошарка

Хорнетс постави нов овосезонски рекорд во НБА-лигата

Хорнетс постави нов овосезонски рекорд во НБА-лигата

Шарлот Хорнетс на гостински терен целосно ја декласира Јута Џез со 150:95, запишувајќи ја својата петта последователна победа против тимот од Солт Лејк Сити и најголемата резултатска разлика во НБА-лигата оваа сезона.

Хорнетси до убедливиот триумф ги предводеше Ламело Бол со 17 поени и пет погодени тројки, а клучот за успехот беше фантастичниот шут за три поени – екипата погоди дури 24 тројки.

Кај Џез, Брајс Сенсабо беше најдобар стрелец со 26 поени. Ајзеа Колиер запиша 17 поени и девет асистенции, а Коди Вилијамс додаде 15 поени.

Кливленд – Минесота 146:134
Индијана – Мајами 123:99
Детроит – Л.А.Клиперс 92:98
Бостон – Сан Антонио 95:100
Чикаго – Далас 125:107
Јута – Шарлот 95:150

To top