Кошарка

Холандија го освои олимпиското злато во баскет 3х3 (ВИДЕО)

Холандија го освои олимпиското злато во баскет 3х3 (ВИДЕО)

Баскет селекцијата 3×3 на Холандија го освои олимпиското злато, откако во лудо финале против Франција извојува минимална победа од 18-17.

По женското финале, во кое славеа Германките, на отворениот терен во Париз следуваше неверојатна пресметка на најдобрите селекции во машка конкуренција.

Франција беше пред голем триумф и златен медал, но Де Јонг, кој на само неколку секунди до крајот погоди шут за два поени и им приреди голема радост на Холандија.

To top