Новиот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден, ја одржа првата прес-конференција по пристигнувањето во клубот. Тој истакна дека немал добри односи со луѓето во Филаделфија и дека повеќе не бил посакуван во тимот. Харден имаше турбулентно заминување од Сиксерс, исто како што имаше и од Бруклин пред тоа.
-Кога го напуштив Бруклин мислев дека ќе се пензионирам со Сиксерс, но раководството имаше други планови. Тие не ме сакаа. Постојат многу наративи, луѓето мислат дека имаат свое мислење. Но, ништо од тоа не е точно, изјави Харден.
Популарниот „Брада“ го одработи првиот тренинг со Клиперс во четвртокот и изгледа дека би можел да игра против Њујорк.
-Мислам дека сум креатор на теренот. Ако имам збор во тимот, можам да кажам: „Еј, тренер, види вака, што мислиш за ова?”. Некој кој ми верува, кој верува во мене, кој ме разбира. Јас не сум системски играч. Јас сум системот, смета Харден, додавајќи: