Хапоел Тел Авив првпат во својата историја го освои трофејот во Еврокупот и обезбеди пласман во кошаркарската Евролига.
Во финалната серија, Хапоел ја победи Гран Канарија со 2-0, а вториот триумф го оствари синоќа во Шпанија, каде триумфираше со 103-94.
Ова значи дека идната сезона во Евролигата ќе има уште едно градско дерби, покрај белградското и атинското. Хапоел Тел Авив е втор израелски тим со титула во ова натпреварување, по Хапоел Ерусалим кој славеше во 2004 година.
За МВП на финалната серија е прогласен кошаркарот на Хапоел, Џонатан Мотли кој лани ја напушти Евролигата за да ги оствари амбициите на клубот од Тел Авив.