Репрезентацијата на Грција славеше победа од 80:69 против Хрватска во финалето на турнирот во Пиреја и така обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз.
Најефикасен беше Адетокумбо со 23 поени, Папајанис додаде 19. Во редовите на Хрватска Зубац беше најефикасен со 19 поени.
Бразил со убедливи 94-69 ја декласираше домашната селекција на Летонија и обезбеди место на Олимписките игри во Париз.
Кабокло со 21 поен беше најефикасен на мечот, Меиндл постигна еден поен помалку, најефикасен кај Летонија беше Ломаз со 15 поени.
Кошаркарите на Шпанија обезбедија и седмо едноподруго учество на Олимписките игри откако во финалето на квалификацискиот турнир во Валенсија славеа против незгодниот тим на Бахамите со 86-78.
Лоренцо Браун беше најдобар кај Шпанија со 18 постигнати поени, а кај Бахамите, Бади Хилд заврши со 19 поени и шест скока.