Кошарка

Грција ја победи Шпанија и ја исфрли од ЕП

Грција ја победи Шпанија и ја исфрли од ЕП

Кошаркарите на Грција славеа во дербито на последното петто коло во групите на Евробаскетот и го детронизираа бранителот на тронот Шпанија со 86-90.

Само победа ѝ играше улога на „црвената фурија“, меѓутоа и покрај тоа што ривалот веќе беше пласиран, избраниците на Серџо Скариоло претрпеа неуспех и своевидна бламажа.

Јанис Адетокумбо беше најдобар во таборот на Грците со „дабл-дабл“ од 25 поени и 14 скока, на кои надоврза девет асистенции, а имаше помош од Дорси кој уфрли 22. Кај Шпанија се истакна Прадиља со 14 поени.

 

To top