Кошарка

Гостивар подобар од Кожув

Гостивар подобар од Кожув

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до голема победа со која останаа во игра за пласман во плеј-офот откако славеа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 102-105 во последниот меч од 18. рунда во Првата лига.

Првите две четвртини со идентичен резултат си ги поделија двете екипи, па на пауза се замина во егал (53-53). Клучна во мечот беше третата четвртина во која гостите постигнаа 33 поени и успеаја да стигнат до двоцифрена предност (76-86), која успеаја да ја задржат до самиот крај за конечен триумф од 102-105.

Mитевски и Елис со по 23 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 34 поени на Илија Колев.

To top