Кошарка

Голем удар за Минесота, се повреди главниот играч

Голем удар за Минесота, се повреди главниот играч

Минесота е една од најдобрите екипи сезонава во Западната конференција, но доживеа голем удар со информацијата за повредата на Карл-Ентони Таунс.

Еден од најдобрите играчи во НБА лигата заработил повреда на менискусот на левото колено и последните 24 часа се консултира со повеќе специјалисти во однос на начинот на рехабилитација.

Фановите на Тимбрвулвс стравуваат дека Таунс ќе мора на операција, што ќе значи и подолго отсуство, но останува и оптимистичката верзија која гарантира побрзо враќање на терените.

Повредата на Таунс доаѓа во моментите кога Минесота го дели првото место на Западот со Оклахома Сити и има скор 43-19 во завршниот дел од регуларната фаза на сезоната.

Таунс сезонава има просек од 22,1 поени и 8,4 скокови по натпревар и шутира тројки со реализација од 42 проценти.

To top