Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ, би можел да го напушти Денвер и да замине во друг клуб.
Според информациите на познатиот инсајдер Сем Емик, Голден Стејт Вориорс сериозно ја разгледуваат можноста за доведување на српскиот центар.
Планот на Голден Стејт е до 2027 година да успеат да го реализираат трансферот, а потоа самиот кошаркар ќе одлучува дали ќе остане во Денвер или ќе ја прифати понудата, бидејќи тогаш ќе влезе во последната година од договорот вреден 62,8 милиони долари.
Доколку сепак не успеат да го убедат Јокиќ, тогаш Вориорс ќе се обидат со уште една суперѕвезда, а тоа е Јанис Адетокумбо.
Но и таму ситуацијата е слична, затоа што Гркот најпрво треба да реши дали ќе ја продолжи соработката со Милвоки или ќе ја побара својата иднина надвор од клубот.