Кошарка

Голден Стејт го избрка Крис Пол

Голден Стејт го избрка Крис Пол

Крис Пол повеќе нема да го носи дресот на Голден Стејт вориорс, откако НБА-тимот реши да го отпушти искусниот кошаркар.

Пол минатата сезона беше ужасен на паркетот, односно ја одигра првата сезона во која во просек не постигна двоцифрен број на поени.

Голден Стејт планира да направи мал ремонт на екипата за следната сезона, па наскоро се очекува разделба и со Клеј Томпсон.

To top