Кошаркарот на Работнички Стојан Ѓуроски изрази задоволство што пак е дел од националниот тим.
„Чувството е одлично, задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви заради повреда и убаво е што пак сме заедно. Мислам дека ни следи одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се спремиме за следните два меча. Уште ги немаме гледано ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но за сите е исто. Имаме неколку повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблеми да се воиграме“, изјави Ѓуроски.
Натпреварот против селекцијата на Азербејџан, Македонија го игра дома (27 ноември) во СРЦ „Кале“, а потоа следи гостување кај Република Ирска (30 ноември).