Кошарка

Гилџес-Александер прв фаворит за МВП титулата во НБА лигата Јокиќ сега е на третото место

Гилџес-Александер прв фаворит за МВП титулата во НБА лигата Јокиќ сега е на третото место

Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ е трет на неделната ранг-листа за најкорисен играч (МВП) на официјалната веб-страница на НБА.

Нагетс забележаа три победи и два порази во изминатите седум дена, и покрај многу тешкиот распоред.

Јокиќ има забележано три трипл-дабл ефекти во тие пет натпревари, но Денвер сè уште е на непожелно петто место на табелата.

Актуелниот МВП и играч на шампионот Оклахома сити тандер, Шеј Гилџес-Александар, моментно е прв фаворит. Има просек од 31,7 поени, 6,6 асистенции и 4,5 скока по натпревар.

Виктор Вембањама, кошаркарот на Сан Антонио спарс скокна од четвртото на второто место во трката за МВП и има просек 24,2 поени, 11 скока и три блокади по натпревар.

Во Топ 10 се и Лука Дончиќ, Кејд Канингем, Донован Мичел, Џејлен Браун, Ентони Едвардс, Кавај Ленард и Џејлен Џонсон.

To top