Францускиот кошаркарски репрезентативец Гершон Јабуселе одигра одлично на кошаркарскиот турнир на последните Олимписки Игри и повеќе од сигурно е дека ќе се врати во НБА лигата.
Јабуселе е подготвен да плати 2,5 милиони евра за да добие раскин на договорот со Реал Мадрид, по што ќе може да ги оствари амбициите за враќање во најсилната кошаркарска лига во светот.
Јабуселе ги има договорено речиси сите детали со Филаделфија и наскоро ќе биде потврден неговиот ангажман во НБА екипата со големи амбиции.