Кошарка

Фурние казнет со 25.000 долари за шутирањето топка во публика (ВИДЕО)

Фурние казнет со 25.000 долари за шутирањето топка во публика (ВИДЕО)

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Еван Фурние, е казнет со 25.000 долари поради недолично однесување по натпреварот против Мајами Хит, соопштија од седиштето на НБА.

Пистонс пред два дена беа поразени од Мајами со 104:101, а гостите победија со тројката на Бем Адебајо во последната секунда.

Бесен од ваквиот расплет на настаните, францускиот кошаркар ја шутна топката на трибините.

Тоа не им се допадна на челниците на натпреварувањето, па одлучија да го санкционираат за да бидат пример за другите.

To top