Кошарка

ФИБА: Мотли да се врати во Израел

ФИБА: Мотли да се врати во Израел

Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) му наложи на Американецот Џонатан Мотли да се врати во Израел и да продолжи со настапите за екипата на Хапоел Тел Авив.

Мотли сакаше раскин на договорот со образложение дека се чувствува несигурно од воениот конфликт во земјата, но ФИБА не го уважи неговото барање и го потсети дека може да добие драконска казна ако не го одработи договорот со клубот.

Мотли сега има две опции. Едната е да се врати во Израел и повторно да настапува во Еврокупот, а втората е да биде без ангажман до крајот на сезоната, но во овој случај скоро сигурно ќе добие тужба од Хапоел, чиј сопственик е максимално разочаран од потегот на Американецот.

Високиот кошаркар сезонава беше еден од подобрите поединци во тимот и во домашното првенство бележеше просек од 15,4 поени, додека во Еврокупот постигнуваше 15,8 поени по натпревар.

To top