Кошарка

ФИБА и Евролигата подготвуваат нешто невидено во кошарката

ФИБА и Евролигата подготвуваат нешто невидено во кошарката

Славниот француски кошаркар, Тони Паркер, изјави дека директно учествува во разговорите кои се водат на највисоко ниво за проширување на НБА лигата на стариот континент.

Подолго време се зборува за соработката помеѓу Евролигата, НБА и ФИБА, а темата е поставување на здрави темели за идните кошаркарски чекори на глобално ниво.

Тоа го потврди и Паркер, претседателот на евролигашот Асвел, кој рече дека лично разговарал со НБА комесарот, Адам Силвер, како и со оперативниот шеф, Марк Тејтум.

„Разговаравме на највисоко можно ниво. Имавме состанок и ја изнесовме идејата за вклучување на европската кошарка во НБА лигата. Тука е и ФИБА, овој „триаголник“ може да донесе големи промени на кошаркарската карта.

Мислам дека наскоро многу работи ќе бидат појасни и подостапни за јавноста. Идејата е сите овие организации да организираат нешто досега невидено во светот“, изјави Паркер.

To top