Комплетирано е премиерното коло од новата сезона во машката кошаркарска Супер лига.
Една победа на домаќините и две на гостите е исходот на овие три натпревари.
Во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите на Феникс не му дозволија на повратникот во оваа конкуренција Ангели да направи изненадување.
Избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ од самиот почеток, па се се крајот ја контролираа играта и резултати и славеа со 17 поени разлика. Златевски натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 25 поени и 10 асистенции.
И кошаркарот на скопски ТФТ, Ѓорѓи Зафиров оствари дабл-даб. Тој во победата на ТФТ на гости во Гевгелија кај Кожув партиципираше со 15 поени и 10 скокови
Блиску до двоен ефект беше и Урош Луковиќ. Србинот од тимот на Куманово имаше учинок од 21 поен и 9 скокови во победата на неговиот тим на гостувањето кај Чаир со 85-74.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 1 КОЛО
Сабота ФЕНИКС – АНГЕЛИ
ФЕНИКС – АНГЕЛИ 79-62
КОЖУВ – ТФТ 79-87
ЧАИР – КУМАНОВО 74-85
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 75-115
Претходно одиграно
МЗТ СКОПЈЕ А. – МАЏАРИ 77-72
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 67-81