Кошарка

Фенербахче ја совлада Болоња

Фенербахче ја совлада Болоња

Во единствениот натпревар од Евролигата одигран во вчера актуелниот шампион Фенербахче извојува исклучително важна победа на гостувањето кај Виртус Болоња со 80:85.

Во отсуство на клучните играчи, одговорноста ја презеде Тејлен Хортон-Такер, кој го одигра својот најдобар меч во Евролигата.

Тој постигна рекордни во кариерата 28 поени, погодувајќи и четири тројки.

Неговата изведба беше доволна да го засени фантастичниот Карсен Едвардс на спротивната страна, кој заврши со 35 поени (само еден помалку од неговиот рекорд).

Голема поддршка Хортон-Такер доби од Тарик Биберовиќ, кој сите свои 15 поени ги постигна во второто полувреме, додека ветеранот Нандо Де Коло додаде 12 поени во клучните моменти.

Кај Виртус, покрај Едвардс, двоцифрени беа само Алстон и Морган со по 14 поени.

 

To top