Кошарка

Фенербахче ја раскина соработката со плејмејкерот Мејс

Фенербахче ја раскина соработката со плејмејкерот Мејс

Кошаркарскиот турски гигант Фенербахче се раздели со американскиот плејмејкер Скајлер Мејс.

Мејс пристигна во Истанбул во октомври минатата година и имаше просек од скромни 3,7 поени и 3,1 индекс на корисност на 14 натпревари во Евролигата.

Затоа Фенербахче реагираше и го доведе ветеранот Ерик Меколум, кој многу подобро се вклопи од Мејс.

To top