Кошарка

Фенер доби „смешна“ казна за упадот на навивачите по мечот со Монако

Фенер доби „смешна“ казна за упадот на навивачите по мечот со Монако

Иако ова беше скандал каков што ретко се гледа на кошаркарските терени во Евролигата и можеше да биде од невидени размери, сепак казната делува благо. Поради упадот на навивачите и нападот кон кошаркарите на Монако, Фенер е казнет само парично и тоа со симболична сума од 30.000 евра.

За време на натпреварот имаше и фрлање на предмети кон паркетот, а ситуацијата кулминира со влетувањето на терен и обидот за напад врз гостите.

Евролигата казни и кошаркар на Монако поради непочитување на навивачите, а станува збор за Џерон Блосомбејм.

To top