Францускиот кошаркар Фабијен Козер, се сели во Олимпија од Милано, каде ќе му биде соиграч на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Козер минатата сезона бележеше просек од 6,2 поени и 1,3 асистенции, а во дресот на Реал вкупно освои две титули во Евролигата и уште девет трофеи во Шпанија.
Беше еден од хероите кога Реал ја освои европската титула на завршниот турнир во Белград, а и претходно важеше за „џокер“ од клупата, кој често знае да го „извади“ тимот кога шутот не оди баш најдобро.