Кошаркарската Евролига одлучи да ги промени правилата за годинашниот Фајнал-фор, четири месеци пред да се одржи.
Таа официјално објави дека билетите за Фајнал-форот во Атина ќе се продаваат од 11 февруари, каде што првпат беше објавено дека нема да се игра натпревар за третото место.
Иако ова е, секако, позитивна одлука, бидејќи тој натпревар не донесе ништо, дури ни рејтинзи, неверојатно е што Евролигата донесе одлука за тоа на средина од сезоната.
Ни овој пат ништо не беше планирано однапред, знаеме и дека секогаш се неизвесни „битките“ околу тоа каде ќе се одржи самиот турнир, но и ова е „изненадување“.