Според новинарот Донатас Урбонас, уредник на „Баскетњуз“, големите промени нема да се случат веднаш, но ќе се имплементираат етапно и со здрава план и основа.
Евролигата веќе најавуваше дека сака да го зголеми бројот на учесници. Останува да се објави форматот со новите клубови, иако и тука може да нема големи поместувања. Според наводите на повеќе медиуми, сите актуелни 18 екипи ќе ги гледаме и догодина, со додавање на уште два тима кои би дошле од јадранското друштво.
Се споменуваше дека е можно експресно враќање на две руски екипи, но од тоа засега нема ништо, особено поради тоа што војната во Украина не е завршена.
Ова автоматски значи дека белградските гиганти, Партизан и Црвена Звезда, ќе ги задржат своите места во елитата, каде место ќе обезбеди уште еден тим од АБА лигата. Официјални информации за проширувањето и новиот формат се очекуваат наскоро.