Дисциплинската комисија на Евролигата денеска го казни Панатинаикос со 24.000 евра поради инциденти за време и по петтиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија против Макаби.
„Панатинаикос е казнет до 24.000 евра поради палење факели и упад на теренот по мечот на домашен терен против Макаби“, стои во соопштението на веб-страницата на Евролигата.
Шесткратниот европски првак го совлада Макаби со 81:72 во петтиот меч од четвртфиналната серија и за првпат по 2012 година обезбеди пласман на Ф4 турнирот.