Кошарка

Евролига: Партизан победи во Болоња, Плимпијакос подобар од Парис

Евролига: Партизан победи во Болоња, Плимпијакос подобар од Парис

Белградси Партизан го заборави поразот од Црвена Звезда и јв Виртус Болоња со 81:71 во средбата од 25. коло во кошаркарската Евролига.

Почетните 10 минути минаа во знакот на домаќините, но потоа избраниците на Обрадовиќ беа на повисоко ниво, подобро се снајдоа кога беше најпотребно и се изборија за 13 сезонски триумф во натпреварувањето.

Браун со 20 поени беше најефикасен играч, Џонс го следеше со 19 коша. Шенгелија кај домаќините беше автор на 16 поени.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шорт имаше 15 поени, 9 асистенции, 4 скока и 2 украдени топки, ама тоа не беше доволно за Париз да го изненади лидерот Олимпијакос.

Клубот од Пиреа водеа од Везенков со 23 и Фурние со 18 кошеви славеше во француската престолнина со 90:73.

На другите две средби Барса го надигра Макаби со 100:71, Монако ја доби Басконија со 92:85

To top