Кошаркарите на Партизан остварија значајна победа над Париз од 92:86 во дуелот од 23. коло во Евролигата.
Петмина играчи кај „црно-белите“ беа двоцифрени, Џоунс со 17 беше најефикасен, веднаш зад него беше Бонга со 16 поени.
Најефикасен на теренот беше македонскиот репрезентативец Шортс со 19 поени на кои додаде 2 скока и 3 асистенции.