Кошарка

Евролига: Партизан ја продолжи победничката серија, Фенер на врвот

Евролига: Партизан ја продолжи победничката серија, Фенер на врвот

Кошаркарите на белградскиот Партизан беа супериорни во преполната „Белградска арена“ во дуелот со актуелниот европски првак грчки Панатинаикос и го победија со 91:73 (20:20, 24:17, 20:12, 27:24) во 14. коло на Евролигата.

Кон четвртата победа во низа во Евролигата, кошаркарите на Партизан започнаа од почетокот тргнаа со агресивна одбрана терајќи го противникот на тешки шутови. Панатинаикос во првото полувреме успеваше ефикасно да одговори на домашната одбрана и сѐ до самиот финиш беше во водство, но потоа сѐ повеќе растеше самодовербата кај играчите на Партизан.

По израментата прва делници, Панатинаикос во втората продолжи да го одржува минималното водство и во последната минута ипол до големиот одмор имаа предност 37:35. Но тогаш на сцена стапи домашниот капитен Вања Маринковиќ кој врза три „тројки“ и го одведе Партизан до водстство од плус 7 (44:37).

Овој „блицкриг“ ги понесе „црно-белите“ кои во второто полувреме практично ги „збришаа“ гостите кои не успеваа да се снајдат со исклучително подвижната и агресивна одбрана. Во неколку наврати Партизан дојде и до предност од 21 кош, што најдобро отсликува во каква позиција се најде на паркетот тимот на Ергин Атаман. Покрај тоа, да се сведе европскиот шампион на само 73 поени, особено кога се знае Панатинаикос е четврти според ефикасноста сезонава, е уште еден доказ каква одбрана одиграа пулените на Жељко Обрадовиќ.

Кај победниците најефикасен беше Карлик Џонс со 18 поени, а го следеа Стерлинг Браун со 17 и Тајрик Џонс кој впиша „дабл-дабл“ со 12 поени и 10 скока. На спротивната страна најдобар беше Костас Слукас со 15, а Матијас Лесор и Хуанчо Ернангомез додадоа по 13 поени.

Партизан сега има сооднос победи и порази 6-8, а Панатинаикос е на 8-6.

Нов пораз, овојпат на домашен терен, впиша шпанскиот великан Реал Мадрид, со 70:82 беа подобри кошаркарите на Фенербахче. Најџел Хејс-Дејвис го предводеше Фенербахче со 33 коша, додека кај Реал најефикасен беше Факундо Кампацо со 14 поени.

Реал е 12-ти на табелата со учинок од победи-порази 6-8, додека Фенербахче е на врвот со 10-4.

Минхенски Баерн ја победи Басконија од 94:80. Баерн е трет со 9-5, а Басконија е 13-та со 6-8.

РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

Четврток:
Жалгирис – Анадолу Ефес 85:72
Макаби Тел Авив – Барселона 86:88
Баерн – Басконија 94:80
Партизан – Панатинаикос 91:73
Реал Мадрид – Фенербахче 70:82

Петок:
Монако – Алба Берлин
Олимпијакос – Париз
Виртус Болоња – Црвена ѕвезда
Емпорио Армани – Асвел

To top