Актуелниот европски кошаркарски шампион Панатинаикос им се врати на победите во Евролигата и го совлада Фенербахче со 81:76.
Петмина играчи кај победникот беа двоцифрени, група која ја предводеше плејмејкерот Нан со 15 кошеви, еден повеќе од центарот Лесор.
На другата страна најистакнат поединец беше Биберовиќ со 16 поени и 6 скокови.
Барселона пак иако се изнамачи го совлада Асвел со 90:83 и со тоа ја продолжи победничката серија во натпреварувањето.Пантер и Весели искомбинираа 34 поени, Маледон беше прво име кај поразените со 21 поен.