Кошарка

Евролига: Олимпијакос го победи Панатинаикос, Барселона е нов лидер на табелата

Евролига: Олимпијакос го победи Панатинаикос, Барселона е нов лидер на табелата

Олимпијакос излезе како победник од големата дерби пресметка со Панатинаикос во рамките на осмото коло во Евролигата откако победи со 94-89.

Фурние и Везенков беа во елемент и искомбинираа 42 поени за победникот, Нан беше прво име кај ПАО со 20 кошеви.

Барселона ја декласира Басконија со 91:68 и е нов лидер во кошаркарската Евролига со учинок 6-2. Каталонците беа доминатни во првата и четвртата четвртина, најрасположен за игра беше Весели со дабл-дабл од 17 кошеви и 10 скока. Најблиску до него беше Пантер со 15 поени.

Во останатите средби беа постигнати следните конечни резултати:

Анадолу Ефес-Монако 69:81

Асвел-Фенербахче 73:77

Виртус Болоња-Макаби Тел Авив 84:77

 

To top