Кошаркарите на Реал Мадрид остварија победа на гости во 18. коло од Евролигата, ја совладаа Алба во Берлин со 80:69. Веќе по првата четвртина, во која Реал дојде до предност од 13 поени, гостите од Мадрид се доближија на победа. Потоа до крајот одржуваа двоцифрена предност и со тоа го оставија противникот со само три победи сезонава.
Марио Хезоња беше еден од најдобрите во гостинските редови. За 25 минути на теренот постигна 18 поени и беше втор стрелец на Реал, а додаде и шест скока, две украдени топки и една асистенција.
Прв стрелец на Реал беше Серхио Љуљ со 20 поени, додека Факундо Кампацо постигна девет со девет асистенции и четири скока. За Алба, Дејвид Мекормак постигна 15 поени со осум скока, додека Малте Делоу додаде 13 со пет скока.
Инаку, на овој натпревар Серхио Љуљл стана рекордер по бројот одиграни минути во Евролигата, надминувајќи го легендарниот Василис Спанулис, кој претходно го држеше рекордот со 9.379 минути и 14 секунди. Љуљ, исто така, го израмни и рекордот на Кајл Хајнс за најмногу настапи во Евролигата, а двајцата кошаркари сега имаат 425.
Реал стигна до соодносот победи и порази 9-9, додека клубот од Берлин сѐ уште е последен, сега со скор 3-15.
Монако беше убедлив на домашен терен против Анадолу Ефес кој го совлада со 94:75. Во победничкиот тим, Мајк Џејмс и Џордан Лојд постигнаа по 14 поени, Џејмс додаде седум асистенции, а Лојд шест скока и четири успешни додавања. На спротивната страна прв стрелец беше Ден Отуру со 14 поени, а по 12 постигнаа Елајџа Брајант и Дариус Томпсон.
Монако е втор со 12 победи и шест порази, а Ефес е на осмото место со 10 победи и осум порази. Ефес ќе му гостува на Фенербахче во следното коло од истанбулското дерби.
Макаби беше убедлив и како домаќин во Белград притив Жалгирис 95:78 (26:19, 24:19, 21:18, 24:22). Макаби до победата го предводеа Џејлен Хоард со 23 поени и Роман Соркин и Рокас Јокубаитис со по 18 поени. Деивидас Сирвидис и Силвијан Франциско беа најефикасни кај Жалгирис со по 15 и Лони Вокер со 14 поени.
Макаби е на 16. место со пет победи и 13 порази, а Жалгирис е осми со 10 победи и осум порази. Во следното коло Макаби му гостува на Партизан, додека Жалгирис во Каунас го пречекува Олимпијакос.
За разлика од Реал, Монако и Макаби, Олимпијакос победи во Милано во драматична завршница со 84:83. Леандро Болнаро имаше напад за победа на домашните, но погреши на радост на тимот од Пиреја, кој го предводеа Саша Везенков со 21 поен, и Еван Фурние со 18, додека кај миланскиот тим најефикасен беше Никола Миротиќ со 16 поени.
Скорот на Олимпијакос е 12:6 и е трет на табелата, додека Милано е на пола учинок со по девет победи и порази.
Во следното коло Олимпијакос ќе му гостува на Жалгирис во Каунас, додека Милано ќе ја пречека Асвел.