Црвена Звезда излезе како победник од соочувањето во Макаби Тел Авив во 17.коло во кошаркарската Евролига.
Клубот од Белград иако покажа две лица на крајот триумфираше со 81:73 и сега има учинок 9-8 како наредниот противник Барселона со кого на 27 декември ќе се соочи во „Палау Блауграна“.
Боломбој со 17 и Дос Сантос со 15 поени беа најдобри стрелци, додека за израелците не беа доволни ниту 21 поен на Соркин.
Барселона продолжи да игра „топло-ладно“, па откако го преслуша Фенербахче падна во Болоња кај Виртус, составот кој играше без најдобриот играч Шенгелија.
Кординие беше нерешлива енигма за каталонците со 24 поени, 6 скока и 7 асистенции. Паркер и Пантер за поразените искомбинираа 38 поени.