Кошаркарите на Црвена Звезда во 14-то коло на Евролигата направи пресврт совладувајќи го Виртус во Болоња со 94:87.
За разлика од играта во Милано, во Болоња играчите на Ѕвезда се обидоа уште на стартот да покажата дека со поагресивна игра на двата краја од теренот може да дојдат до победата која им беше императив против Виртус кој поради катастрофалните игри во Еврологата остана без тренер.
Најефикасен кај победниците беше Ајзеа Кенан со 26 поени, а го следеше Лука Митровиќ со 21. На другата страна најдобар беше Торнике Шенгелије кој броеше до 25. Вил Клејберн забележа дабл-дабл учинок од 19 поени и 12. скокови.
Во дербито на вечерта кошаркарите на Париз го совладаа Олимпијакос во Атина со резултат 96:90 во натпреварот од 14. коло во Евролигата и со тоа ја извојуваа 10-та победа во низа во својата премиерна сезона во елитното натпреварување. Париз со скор 11-3 е осамен на првото место пред Фенербахче (10-4), а Олимпијакос е на 9-5 и следниот петок ќе ѝ гостува во Црвена ѕвезда.
Повремениот македонски репрезентативец ТиЏеј Шортс впиша 21 поен за Париз, Надир Хефи 20, а Тајсон Вард 14. Еван Фурние постигна 25 поени за Олимпијакос, Саша Везенков 18, Најџел Вилијамс-Гос 12, а Шекил Мекисик 10.
Кошаркарите на Алба доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Монако со резултат 80:100. Монако сега има скор 9-5, а Алба која следната седмица го пречекува разиграниот Партизан има учинок 3-11.
Вито Браун беше најефикасен во втората победа на Монако во третиот натпревар откако на клупата дојде Василис Спанулис, со 17 поени, Јоргос Папајанис додаде 12 а Ели Окобо и Метју Страцел по 10 поени. Кај Алба се истакнаа Јани Вецел и Дејвид Меккормак со по 16 поени, Матео Спањоло постигна 10 коша.
РЕЗУЛТАТИ
Евролига – 14. коло
Монако – Алба Берлин 100:80
Олимпијакос – Париз 90:96
Виртус Болоња – Црвена ѕвезда 87:94
ЕА Милано – Асвел 92:84