Кадетската кошаркарска репрезентација на Естонија е победник на Европското Првенство од дивизијата Б за кошаркари до 16 години кое на посебна церемонија беше затворено во Скопје.
Тимот од Балтикот го задржа беспрекорниот скор кој го имаше во изминатите десетина дена од турнирот во нашиот главен град.
Во финалниот натпревар, Естонија беше подобра од селекцијата на Романија, славеше со резултат 76-71 и апсолутно заслужено стигна до победничкиот трофеј, и златните одличја.
Овие две репрезентации, заедно со онаа на Швајцарија, која во натпреварот за третото место, беше подобра од Белгија (80-75), се изборија и за промоција во дивизијата А во наредниот циклус од евро-шампионатите во младинскиот сегмент.
Репрезентацијата на Македонија со скор од пет победи и два порази, го зазема десеттото место во конечниот поредок.