И покрај тоа што игра импресивно, анкетата на ЕСПН покажува дека Јокиќ е далеку од наградата за најкорисен играч на сезоната.
100 НБА инсајдери гласаа за МВП, сите имаа право да распоредат пет кошаркари од прво до петто место.
Дури 77 од 100. инсајдери првото место му го дадоа на Шеј Гилџес Александер, а 23 гласаа за Јокиќ.
ЕСПН оваа анкета ја прави веќе пет сезони и досега секогаш го погодуваше победникот.
Доколку и сега биде така, Гиџес-Александар за првпат во својата кариера ќе стане МВП.