Турскиор тренер го предизвика сето тоа остро критикувајќи го Рашон Холмс по убедливиот триумф против АЕК, во грчкото првенство.
Веднаш реагираше на социјалните мрежи, а судејќи според неговиот последен потег, наскоро ќе ја напушти Атина.
Холмс пристигна во Панатинаикос како големо засилување, но очигледно не успеа да ги оправда очекувањата на Ергин Атаман. Откако го бранеше неговата сопруга на социјалните мрежи, сега самиот ги избриша сите фотографии во зелениот дрес. Дали има надеж да се подобрат работите, ќе се види во наредните часови.
– Ужасен почеток, не игравме одбрана, не вршевме притисок врз нивните играчи. Нашите високи играчи беа слаби, Ришон Холмс спиеше на теренот. Воопшто не се помрднуваше во пикенролот. Им дозволивме да ни дадат 31 поен во првата четвртина – рече Атаман, осврнувајќи се на првата четвртина во која неговиот тим загуби со 18:31, само за да слави доминантно на крајот со 103:78.
Рашон Холмс прво остави мистериозна порака, која многумина ја протолкуваа како одговор до Атаман. Тој стави емотикон што покажува „плачење од смеа“ и очигледно не беше премногу потресен од критиките на тренерот. Сепак, неговата сопруга верува дека турскиот тренер отишол предалеку.
– Силните организации стојат зад своите играчи. Преземањето одговорност е дел од играта, но почитта и поддршката секогаш треба да бидат на прво место. Организација што јавно ги критикува своите играчи наместо да ги поддржува, е срам, а не семејство – објави таа, нагласувајќи го зборот „срам“.